Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2011
Во саботата околу 10,20 часот во Велес на ул.„Благој Нечев“ во тунелот под Железниот мост, од страна на НН лице, извршена е измама над А.Л.(1964) од Велес (лице со ограничена деловна способност), соопшти МВР.
Имено, лицето му се претставило на оштетениот дека е полицаец и дека треба да го претресе и да провери дали има кај него нож, при што го фатило за рацете и од џебот му извадило 8.000 денари, по што заминало во непознат правец.
ПС-Велес превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Tweet |