Петар Печков
Објавено: петок, 21 март 2014
МВР излезе со информација за вчерашната акција во која се апселе лица поврзани со продажба на културно- историското наследство со кое располага Р. Македонија, и откривање на поединци и групи кои незаконски тргуваат со богатството со кое располага земјава.
На прес конференцијата на МВР иако не се соопштени имињата на уапсените, прецизирано е дека имало претреси во Гевгелија, Струмица и Валандово. Вчера МВР излезе со информација дека има претреси и уапсени велешани во нова акција, по што започна д се шпекулира со имиња на личност, кој по еден ден се покажа дека се неточни и далеку од реалноста. Во Велес немало апсења.
Патем во оваа акција на МВР ,,Аполон,, уапсени осум лица од југот на земајва, на возраст од 46 до 63 години, од кои едно е бугарски државјанин поради постоење на основано сомнение за сторени повеќе тешки кривични дела.
Tweet |