Петар Печков
Објавено: петок, 15 јануари 2021
На денешното редовно изборно Собрание на ОФС Велес повторно со четири годишен мандат беше избран досегашниот Лазар Ракиџиев. Тој беше избран едногласно од сите 35 присутни делегати. За потпретседател беше избран Роберт Гочевски. Ракиџиев им се заблагодари на присутните за довербата.
Во својот претходен мандат успеавме заедно со ФФМ во Велес да донесеме стоилци на Градски стадион, вештачка трева како подлога, да се реновираат соблекувалните. Веќе е потпишан договорот и за санација на помошното игралиште, изградба на трибини - кажа Ракиџиев.
По изборот соопшти дека ФФМ со по 15 илјади денари ќе ги помага екипите од Општинските лиги. На редовно изборно Собрание на ОФС Велес присуствуваше и првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини.
Беа избрани и делегати за Собрание на ФФМ а тоа се Лазар Ракиџиев, Драган Јорданов, Борис Леов и Тони Димевски а нивни заменици се Благој Петров, Роберт Гочевски, Томе Шескокалов и Горан Манасиев.
Tweet |