речник контакт

Лани во Општина Чашка престојувале повеќе туристи отколку во 2022 година

Имало и повеќе ноќевања

Петар Печков

Минатата година  во Општина Чашка, во двата планинарски дома Папрадиште и Чеплес престојувале 740  гости за период од седум месеци - март - октомври, што е повеќе отколку во 2022 година кога имало  579 гости.  

Лани остварени се 1.192 ноќевања што е повеќе од 2022 година кога имало 1.087. Или туристите во двата планинарски дома во просек престојувале 1,61 дена.  Домашни  туристи се  601  а странци 139. Домашните туристи  оствариле 1.025 ноќевања  и 167 странските.

Според статистичките податоци гостите во двата дома престојувале во периодот од седум месеци, март – октомври, но не и во првите и последни месеци од годината, јануари и февруари, како и ноември и декември.

Во текстот се користени бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македонија.  При презентирањето на анализата да се објави дека таа е изработена од порталот Тирековмирече.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »