Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јануари 2015
Минатата година во Општина Велес родени се 557 бебиња, од нив 280 машки и 277 женски. Од нив во градот биле родени 461 бебе додека во селата 96. Интересно е што во селата побројни се машките новороденчиња, додека во градот доминираат девојчињата.
83 од новороденчињата се родени на некоја од клиниките во Скопје, а има велешки бебиња родени во Италија, Шведска или пак во Струмица, Битола, Ресен, Прилеп и Штип. Едно бебе се родило во домашни услови.
Во соседните општини Градско и Чашка состојбата е следна. Во Градско се родени 39 бебиња од нив 18 машки и 21 девојче. Во Општина Чашка родени се 142 бебиња, подеденакво по 71 машки и женски. Четири бебиња се родени во домашни услови.
Бидејќи за прв пат оваа година собирав податоци кои се однесуваат само на бебиња родени во Велес, според местото на живеење, не на раѓање, не е можна споредба со претходни периоди, дали се родени повеќе или помалку бебиња.
Податоците се според евиденцијата на Одделението на детската превентивна здравствена заштита при ЈЗУ Здавствен дом Велес.
Tweet |