Петар Печков
Објавено: среда, 08 мај 2019
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, минатата година во државава бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2017 година.
Во текот на 2018-та во Велес биле извршени осум , додека на територија на Македонија 121 самоубиство. Од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово и по осум во Охрид и Тетово.
Во 2017 година биле регистрирани 103 самоубиства во Велес две.
Во 2016 година, пак, биле извршени 136 самоубиства, во Велес седум од кои 29 во Скопје, 20 во Штип, 18 во Струмица, 16 во Битола, 14 во Куманово .
Според лекарите причините кои го предизвикуваат самоубиствата, тие најчесто ги вклучуваат душевни болести како што се депресија, биполарно растројство, шизофренија, злоупотреба на супстанции, вклучувајќи алкохолизам.
Други самоубиства вклучуваат импулсивни дејства поради стрес, како што се финансиски тешкотии, проблеми со врски или малтретирање- физичко или психичко.
Tweet |