Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 февруари 2014
Минатата година крводарителите од општина Велес собрале 4.070 крвни единици. Тоа е 219 отсто до годишниот план кој изнесува 1.861 крвна единица. Со оваа бројка Општинскиот Црвен Крст е четврти во Македонија.
Од бројката на крводарители во велешко лани биле регистрирани 673 жени додека 543 дарители за прв пат дарувале крв, што е бројка која охрабрува, дека Велес има иднина во крводарувањето.
Споредбено во 2012 –та беа собрани 4076, во 2011-тата имаше рекордни 4335 крвни единици, во 2010 –та 3.901 и во 2009-та 3.489 крвни единици
Tweet |