Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јануари 2018
Изминатата 2017-та година во Одделението за трансфузиона медицина во Велес биле собрани 4.228 крвни единици. Во 29 организирани акции на крводарување имало собрани 1.311 додека самостојно дошле, подале рака и дарувале крв и собрани се 2.917 крвни единици, информираа од Општинскиот Црвен Крст на Велес.
Но од минатата година воведена е новина, и крводарувањата се водат во општината од каде е дарителот. Поради ова 118 крвни единици собрани во Велес изминатите 12 месеци не влегуваат во конечниот број, па тој изнесува 4.110 крвна единица. Или планот е реализиран со 220,1 отсто.
Споредено со 2016-та има повеќе оти тогаш имало собрани 4044 крвни единици. 118-те крводарувања се на дарители најчесто од соседните населени места од општина Лозово и селата околу, како Каратманово а дарителите својата крв ја даруваат во Одделението за трансфузиона медицина во Велес, но од лани се забележуваат како крвни единици во Општина Свети Николе.
Во овие 118 крвни единици има и дарители од други градови, кои дарувале крв во акциите во велешката касарна а тука биле војници -доброволци или платени војници а се на работа во Велес.
Tweet |