Петар Печков
Објавено: среда, 16 јануари 2013
Хуманоста на крводарителите во Велес се покажа и минатата година. За 2012 –та собрани се 4076 крвни единици со што планот е натфрлен оти планирани биле 1.861 крвна единица. Со ова количество собрани крвни единици, велешани се втори на листата на општински организации после Виница, информираа од Општинскиот Црвен Крст на Велес.
Радува што има висока бројка на млади, средношколци кои се решиле да даруваат крв. Уште повеќе значајно е што поголем дел од собраните единици се од поединци, кои самоиницијативно дошле кај нас во станицата за трансфузиона медицина при Општата Болница во Велес.
За потсетување во 2011-тата во Велес беа собрани рекордни 4335 шишиња крв. Ваков опаѓачки тренд во крводарителството во минатата година е забележан во сите градови во Македонија. Така во големата летна акција во Велес во август лани беа собрани 346 крвни единици, што беше помалку од претходните акции.
Tweet |