Петар Печков
Објавено: среда, 10 јуни 2020
Дваесет и шест видови домашен габаритен отпад фрлиле велешани во текот на мината 2019-та година. Најмногу од нив 36 биле прозори, 27 каучи, 15 столови, потоа следат душеци, санитарии, теписони. На листата се најдоа и три јоргани и две јамболии.
При тоа во текот на целата година бил собрана количина од 350м3 габаритен отпад. Овие количини се далеку повеќе отколку во претходните две години, кога биле собрани по стотина метри кубни годишно.
По собирањето изведено од вработени нa ЈКП Дервен, габаритниот отпад се транспортираше до општинската комунална депонија за крајно отстранување на посебен простор определен за ваков вид на отпад. Очигледно дека подигањето на јавната свест кај граѓаните два резултати но има случаи кога дел од овој габаритен отпад завршува и на јавните површини - информираа од локалната власт.
Во годинашнава деветта по ред собирна акција на габаритен отпад од домовите на велешани, изведена во месец април, се прибра 80 м3, но истата поради состојбата со ковид-19 е продолжена до крајот на годината.
Tweet |