Петар Печков
Објавено: недела, 27 мај 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во 2017 година, бројот на дипломирани студенти на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2016 година, е зголемен за 3.6 %.
Или во бројки лани во земјава на државните и приватни факултети дипломирале 8.233 студенти додека во 2016-тата студии завршиле 7.947 апсолвенти. Од вкупниот број дипломирани студенти, 82.1 % се редовни, а 17.9 % се вонредни студенти.Процентот на дипломирани студентки изнесува 57.5 %.
Од вкупниот број студенти, 38.6 % дипломирале во рок, додека 61.4 % дипломирале после рокот.
Tweet |