речник контакт

Лани во Македонија починале помалку лица отколку во 2016-та

Повеќето од починатите се мажи, најмногу се умира во јануари а најчеста причина, или секој втор е од болести на циркулатрониот систем

Петар Печков

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е намален  за 0.5 % во однос на претходната година и изнесува 20 318 починати. Поголем број се од машки пол, и тоа 10 554  или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 201, а нивното учество во вкупниот број  умрени лица изнесува 1.0 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 681, се забележани во месец јануари. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 година, односно 75.3 години кај лицата од женски пол  или за 4.2 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем и тоа во 55.0 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за  смртта се јавуваат неоплазмите, и тоа во 18.3 %, па со 4.8 % се застапени случаите кај кои причина  за смртта се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести а случаите кај кои причина за  смртта се болестите на респираторниот систем застапени со 4.2 % од вкупно умрените лица.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »