речник контакт

Лани во велешко собрани рекордни 4377 крвни единици

Тоа е повеќе отколку во најуспешната 2011-та година. Планот натфрлен за 2,5 пати

Петар Печков

 Минатата 2015-та година во Општина Велес, заедно со дарители од Општина чашка и Градско, собрани се  рекордни 4377 крвни единици.

Ова е бројката на дарители кои дарувале поединечно во Одделението за Трансфузиона медицина во Велс и преку  организираните акции.

 Се уште се обработуваат податоците колку дарители прв пат дарувале крв и каков  е односот по возраст и пол. Со собраните 4377 крвни единици планот за минатата  година е  натфрлен за 235,2 отсто а тој изнесува 1861.

Во претходната година 2014-та биле собрани 4219. Рекордна по крводарување е 2011-тата кога имаше 4335 собрани крвни единици.  За потсетување во  2013-таа беа собрани 4070, 2012-та беа собрани 4076, во 2010-тата 3.901 а во 2009-та 3.469 крвни единици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »