речник контакт

Лани во велешко далеку помалку заразни заболени отколку во 2017-та

Какво здравје лани имаа велешани? Во 2018-та имало помалку заболени од грип, овча сипаница и од ентероколитис

Петар Печков

Минатата година во велешко биле регистрирани 724 заболени од заразни заболувања, тоа е далеку помалку отколку во 2017-та кога имало 1115 заболени. Или лани имало  391 случај помалку. Најмногу биле од грип 428 пациенти, па  392 од ентероколитис и 140 од варичела -овча сипаница

. Намалениот број заразни заболувања лани се должи на намалениот број заболени од варичела и на намалениот број на заболени од ентероколитис. Без грипот,  капково заразни заболувања имало 235 случаи најбројна е  варичелата со 140 пациенти,  мононуклеозис инфектива со 83, осум со скарлатина и четворица со заразни заушки.

Кај 441 случај на  цревни заразни заболувања  најмногу со 392 е ентероколитисот. Во општината лани имало и девет случаи на шуга и од туберкулоза три лица.  Од регистрираните ретки заразни заболувања во 2018-та во велешко имало  еден заболен од менингитис, едно лице од СИДА, три од ехинокок.

Од Центарот за јавно здравје Велес велата дека состојбата со заразните заболувања лани во велешко, тука се и општините Чашка и Градско, била под контрола. 

Од обработените податоци, епидемиолошката состојба   на подрачјето на Општина Велес во 2018-та се оценува како контролирана, бидејќи сите заразни заболувања беа во очекуваните граници. Се изведуваа мерки на  надзор, дезинфекција, дезинсекција, дератизација на теренот. Се вршеа епидемиолошки истражувања со цел откривање и спечување на заболени лица  - пишува во извештајот  на  ЦЈЗ Велес.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »