Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 март 2021
Според податоците СВР Велес, кои ТрМр ги доби по прашање за пристап до информации од јавен карактер, минатата година во општината Велес бил регистриран пораст на бројот на самоубиства, во однос на 2019-тата година.
Во текот на 2020-та година има извршени пет самоубиства на територијата на велешко, при што најмладата личност била на 37 години, додека највозрасната на 88 години. За споредба во 2019-тата година, СВР Велес има регистрирано две самоубиства.
Ако се вратиме наназад, по објавените бројки на ТрМр, во текот на 2018-та во Велес биле извршени осум , во 2017 година две а во 2016 година, пак, биле извршени седум самоубиства.
Според лекарите причините кои го предизвикуваат самоубиствата, најчесто ги вклучуваат душевни болести како што се депресија, биполарно растројство, шизофренија, злоупотреба на супстанции, вклучувајќи алкохолизам.
Во одредени случаи самоубиствата вклучуваат импулсивни дејства поради стрес, како што се финансиски тешкотии, проблеми со врски или малтретирање- физичко или психичко.
Tweet |