Петар Печков
Објавено: петок, 30 јануари 2026
Минатата година во и Велес и велешко има 267 жители помалку отколку година дена претходно. Според податоците кои претходни ги објави ТрМр обезбедени од надлежните служби, во бројки тоа се 317 ново родени бебиња а починати 584 лица. Или природниот прираст е -0,55 %.
Со последниот попис 2021 година Општина Велес имаше 48.463 жители а претходниот попис во 2002 година 55.108. Последните три децении има постојно опаѓање на бројот на жители во велешко.
Причината е што има се помалку новороденчиња, се повеќе починати, потоа иселувањето во странство, миграцијата во Скопје.
Во 2024 година состојбата беше низ бројки 328 ново родени бебиња а починати 600 лица. Или природниот прираст беше -0,56%.
| Tweet |




