Петар Печков
Објавено: четврток, 28 јануари 2016
Во Велес и велешко во текот на изминатата 2015 година биле регистрирани само три лица. Ова се податоци според ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес. Од тројцата заболени од болеста бруцелоза, една е жена.
– Еден од случаите на заболени е рецидив, болен кој болеста ја имал пред десетина години и сега таа повторно се појавила. Со тоа што бројот на заболени е сведен на минимум, може да заклучиме дека болеста во овој велешки регион е целосно искоренета, изјави епидемиологот д-р Трајкова.
Таа појаснува дека ваквата поволна состојба се должи и на тоа што сточарите во велешкиот поширок регион целосно ја имаат вакцинирано стоката овци и кози, а со тоа е спречено ширењето на болеста.
Само до пред десетина години имавме и по 60, па, и повеќе заболени од бруцелоза, потсети д-р Трајкова.
Tweet |