Петар Печков
Објавено: среда, 06 март 2024
Ланската година во однос на заразните заболување состојбата во општина Велес била стабилна, се вели во извештајот на Центарот за јавно здравје кој беше доставен до членовите на Советот на Општина Велес.
Во 2023 година во велешко имало 599 заболени од заразни заболувања, без грип и ковид-19. Со капкови заразни заболувања имало 463 случаи, најмногу сипаници 452, петмина од мононуклеозис инфектива, , еден од заушки и петмина од шарлах.
Во 2023 имало 37 цревни заразни заболувања, најмногу 19 со ентероколитис и 18 со салмонела. Има регистрирано и два случаи на хепатитис- по еден хепатитис вироза и хепатиртси Ц. Центарот за Јавно здравје лани регистрирал и 26 случаи на шуга.
Посебно критична била состојба со појавата на вирусни хеморагични трески и тоа два случаи на хеморагична треска со бубрежен синдром, една конго- кримска хеморгичан треска и еден случај на внесена Денга трска од летување на Малдиви.
Во 2023 година во велешко имало 28 случаи на грип и 40 случаи на ковид-19, без починати.
Tweet |