речник контакт

Лани во велешко собрани рекордни 4335 крвни единици

Оваа бројка е за 437 поголема од таа во 2010, со што велешани се четврти во земјава

Петар Печков


 
Во текот на 2011 година во општина Велес, заедно со Чашка и Градско собрани се 4335 крвни единици што е натфрлање за 233 отсто во однос на планот за ланската година, кога се предвидело да се соберат 1861 крвна единица. 

Во 2011-тата имало  собрани 437 крвни единици повеќе отколку во 2010-тата година. Значајно е што лани за прв пат крв дале 696 поединци, најчесто матуранти од четирите средни училишта, а по организираните крводарителски акции. Ова е најзначајната новост за надлежните од службата за трансфузиона медицина во Велес.

Велешани го потврдија фактот дека се хумани луѓе, бидејќи се собрани голем број на крвни единици. Радува што имаме така висока бројка на млади, средношколци кои се решиле да даруваат крв. Уште повеќе значајно е што поголем дел од собраните единици се од поединци, кои самоинициајтивно долше кај нас во станицата -  рече д-р Лилјана Поцкова началник на службата за трансфузиона медицина.

Кај нив во 2011-та година се собрани 2571 шише, или толку лица дошле самоиницијативно без организирани акции да даруваат крв. Преку популарните акции лани биле собрани 1764 крвни единици а најбројна беше таа од летото, кога во Офицерскиот дом беа собрани  363 крвни единици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »