речник контакт

Лани две возрасни лица од Велес биле жртви на трговија со луѓе

Се зголеми сиромаштијата, се зголеми насилството, се намалија можностите за вработување а се зголеми трговијата со луѓе

Петар Печков

Минатата година   две лица од Велес биле жртва на трговија со луѓе.  Вкупно во земјава лани,  биле евидентирани  48 жртви на трговија со луѓе. Од нив, 39 лица се од Тајван, додека останатите девет  жртви, три се деца од Скопје, две возрасни лица од Велес, една повозрасна жртва од Русија, како и по едно дете од Куманово, Кичево и Прилеп.

Ова се официјални податоци кои ги претстави Јован Андоновски од Канцеларијата на Народниот правобранител  а по повод 22 февруари, Европскиот ден на жртвите од криминал. Тој истакна дека жртвите во најголем дел се жени, со исклучок на едно машко дете.

„Се зголеми сиромаштијата, се зголеми насилството, се намалија можностите за вработување, многу луѓе ги изгубија своите работни места, а се зголеми комуникацијата на интернет платформите, со тоа граѓаните станаа уште поранливи на трговијата со луѓе“ кажа  Јасмина Рајковска извршната директорка на организацијата „Отворена порта“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »