речник контакт

Лани дури 40 отсто од бебињата во Велешко се родиле во други клиники, надвор од градот

Од година во година расте процентот на новороденчиња кои се раѓаат во други клиники и други градови

Петар Печков

Од година во година расте бројот на новороденчиња од Велес кои се раѓаат во болниците од земјава а не во Општа Болница Велес. Во 2017 односот бил 20 отсто или едно од пет, со 535 бебиња, од нив родени на акушерско одделение од велешка болница биле 418.

Лани во 2023 дури 40 отсто од новороденчињата на родители со адреса на живеење во Велес се родиле на некоја друга клиника, не во велешка болница. Или во бројки тоа е 329 новороденчиња, од нив 192 родени во Велес.

Остатокот се родил, најмногу на некоја клиника во Скопје 116, во Битола  9 бебиња и  што е новина во Штип исто така  9 бебиња.  Две бебиња се родиле во странство Швајцарија и Италија а нивните родители се вратиле да живеат во Велес.

Процентот на бебиња кои се родиле во некоја болница, надвор од Велес, од година во расте, па така од 20 отсто, пораснал на 25, па на 31% во 2021  година, за лани да стигне до 40 отсто.

Засега нема истражување што е причината за ваквата појава. Дел од ова лежи и во можноста на  младите мајки кои  користат приватни осигурувања,  што  им овозможува породување во приватни болници.

На акушерското одделение од Општа болница Велес во 2023 имало 300 породувања, што е за 83 помалку отколку во 2022. 

однос на вкупно  новородени  бебиња во велешко/ родени во болница Велес

2017  535 / 418  20%

2018   496/340  31%

2019  438/238   31%

2020  384/ 270  30%

2021   416/288  31%

2022  388/ 266  31%

2023  329/192  42%

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »