Петар Печков
Објавено: петок, 04 јануари 2019
Годинава езеро Младост е порибено со 370 кг и тоа со крап. Тоа е согласно потпишаната концесија со Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,,, која истече во месец август. Порибувањето е извршено во средината на месец декември, информираа од ЗСР ,,Бабуна,, од сопствени средства на здружението, кео брои околу 700 спортски риболовци.
Сега е во тек објава за нов концесионер на ова водена површина.
Годинава не се извршени порибувања на реките Вардар, Тополка и Бабуна од страна на ЗСР ,,Бабуна,, оти постојната концесија им истече а новата ја добија во јули. Согласно истата таква обврска за порибување ќе имаат од оваа 2019-та година.
Tweet |