Петар Печков
Објавено: вторник, 08 февруари 2022
Минатата година на подрачјето на Велес и велешко зголемен е бројот на сообраќајки но и жртви од сообраќајните незгоди. Според податоците на СВР Велес кои се однесуваат на подрачјето на Општина Велес и соседните Чашка и Градско, евидентирани се 338 сообраќајни незгоди, 26 повеќе од 2020-тата, кога имало 312. Минатата година во патиштата во општината имало шест жртви на сообраќајните несреќи, една повеќе од претходната година.
Според СВР Велес ниту еден од шесте настрадани лица не бил пешак. Во 2019 година се случиле 338 сообраќајни незгоди, исто колку лани, со две жртви, што е најмал број жртви во сообраќајки изминативе години во Велес.
Лани и екипите на Итната помош имале зголемен број на интервенции при сообраќајни несреќи -152, а во 2020-та биле 136 а во 2019 година биле забележани 122 интервенции на терен.
СВР Велес во текот на мината година реализираше бројни сообраќајни контроли, со кои се казнуваа учесниците во сообраќајот, за брзо возење, неправилно престигнување, непочитување на предимство, непочитување на минување на обележан пешачки премин, возење во алкохолизирана состојба, користење на мобилен во возење.
Tweet |