Петар Печков
Објавено: петок, 13 февруари 2026
Во текот на 2025 година, скоро идентичен е бројот на разводи кои се случиле на територијата на Основен суд Велес, во однос на 2024 година.
„Во однос на предметите за развод на брак во текот на 2025 година во Основен суд Велес оформени се 162 предмети од кои 30 предмети се со спогодбен предлог за развод на брак“ – соопшти судијката Наташа Андреева, портпарол на Основен суд Велес.
Наспроти ланските 164 предмети за развод на брак, во 2024 година имало 165, од кои 25 се тужби за предлог за спогходбен развор.
Еве каква била состојбата годините наназад. Во 2022 година заведени биле вкупно 169 тужби за развод на брак од кои 31 со предлог за спогодбен развод на брак и 138 тужби за развод на брак. Во 2023 година заведени се вкупно 149 тужби за развод на брак од кои 27 со предлог за спогодбен развод на брак и 122 тужби за развод на брак.
За илустрација лани во велешко имало 303 склопени брака а 162 барања за развод.
| Tweet |




