Петар Печков
Објавено: вторник, 04 јануари 2022
Во велешката Болница, на Инфективното одделение, измината година, 2021-ва, не е регистриран пациент кој побарал помош поради тоа што бил каснати од змија.
Ова е одговорот кој го доби ТрМр на поставеното прашање, колку случаи има во 2021-ва година, на пациенти каснати од змија.
Во болницата во Јасеново, во 2021-ва, исто така нема регистрирано каснување од змија на лице кое побарало помош таму, како и во 2020-тата. Оти има случаи жителите од овој крај, при ваков случај, помош бараат во оваа здравствена институција.
За илустрација во 2020-та година во велешко се регистрирани три каснувања од змија, смртен случај немаше. Најчесто каснувањата се случуваат при работи во поле.
Најмногу каснувања последните десетина години во велешко имало во 2015-та кога имало пет случаи.
Tweet |