Петар Печков
Објавено: среда, 04 февруари 2026
Во текот на 2025 година до општинскиот просветен инспектор на Велес, од страна на општински основни училишта се доставени пет известувања за ученици кои неоправдано не посетуваат настава повеќе од 30 денови.
„Согласно законските одредби од Законот за основното образование по доставените известувања од училиштата од страна на општинскиот просветен инспектор извршен е инспекциски надзор, водена е инспекциска постапка, извршена е едукација на родителите на децата кои не посетуваат настава“ – соопшти Македонка Виларова, општински просветен инспектор.
На родителите им била укажана и законската обврска за задолжително школување и посетување на настава и важноста за активна вклученост на нивните деца во воспитно-образованиот процес, во најдобар интерес за нивен раст и развој.
„При извршениот службен разговор родителите изјавуваат дека децата не сакаат да одат на училиште заради нивни лични причини, незаинтересираност за образование и заради надмината возраст со одделението каде што треба да учат, а за дел од нив констатирано е дека се работи и за воспитна запуштеност од нивните родители и неможност да делуваат на нивното однесување“ – дополни Виларова.
За родителите коишто и покрај извршениот службен разговор, посета на дом, извршената едукација и укажувањето за законската обврска за задолжително школување на нивните деца, продолжиле нивните деца-ученици да не посетуваат настава и не ја исполниле законска обврска, од страна на општинскиот просветен инспектор за родителите се поведени барања за поведување на прекршочна постапка со предвидените законски прекршочни глоби до Основен суд Велес.
фото интернет
| Tweet |




