речник контакт

Лани по јавните површини низ градот, фрлен мебел и покуќнина за опремување стотина домови, но имаше и школки од автомобили

Големи количини габаритен отпад можно е да се искористи за реупотреба и за рециклирање, се уште завршува на депониите за крајно одложување

Петар Печков

По јавните површини на Велес минатата година биле фрлени мебел и покуќнина колку за стотина станови. Тоа резултира  во 2021-та  година да се собран поголемо количество на габаритен отпад -783м3 во однос на 2020-тата -563 м3. Од нив во мајската собирна акција од домаќинства, која траеше три дена поради ковид состојбата, собрани биле 101 м3 сите останати 682 биле фрлени на отворено низ градот.     

„При чистењето  собрани биле 273 душеци, 166 каучи, 112 регали, 101 прозор. Оваа 2021-ва година чистени беа и дивите депонии во околината на градот , вкупно 44 локации при што беше собран отпад од 366 м3.  Се собираше и градежен шут и во 2021-ва се собрани 6.259 м3, додека во годината претходно  9.427 м3. Од количината отпад на општинската комунална депонија  и на депонијата за шут и градежен материјал, може да се констатира дека големи количини за реупотреба и за рециклирање, се уште завршуваат на депониите за нивни крајно одложување“ - кажаа од локалната власт.   

За разлика од овие собирни акции слабо се работи на организираното собирање на искористени тонери. Ако во 2020-тата беа собрани 230 тонери, како опасен отпад, лани се собрани  само 78.Дистрибутерите предупредуваат дека треба да се подига јавната свест меѓу правните субјекти, за да се собира искористениот тонер.

„Треба да се подига јавната свест за организирано собирање на искористениот тонер, бидејќи фрлен како отпад тој тешко се разградува. Ова посебно се однесува на здравствените институции и амбуланти. Затоа мислам дека локалната власт  треба да пропише одредба со која, институцијата со количината која е набавена, истата подоцна да биде обврзана како искористена  да ја врати на дистрибутерот, кој пак ќе го  предаде на овластен собирач на опасен  отпад. Или можеби да се собира отпадниот тонер од фирмите, како што се собира картонската амбалажа од трговијата во Велес“ - вели сопственикот на фирма која продава тонери.  

За илустрација собраните 230 тонери од 2020-тата, е најмногу од изминатите пет  години   како се собира овој опасен отпад. Втора година по ред се одвива акцијата за собирање на акумулатори како опасен отпад и лани биле  собрани 360,  наспроти  270 парчиња од 2020-та. Се собирале и отадни батерии, лани во вкупно количество 90 кг. Тоа е поголемо од  собраното во 2020-та но помало од рекордните 131 кг во 2019-та година.

Минатата година собрана е електрична и  електронска опрема како отпад, во количина од   2,4 тони, што е далеку помалку од 2020-тата  кога беа собрани  5.571.  Лани како  електронски и електричен  отпад најмногу се  фрлени 31 лап-топи, 19 телевизори, 16 мобилни,  13 клими.

Минатата 2021- година велешани се покажеле високо совесни во собирањето на пет амбалажата и картонската која е три пати собрана повеќе отколку во 2020-тата. Лани картонска амбалажа било собрана количество од  302 илјади кг или за три пати повеќе од 2020-тата со 77 илјади. Во однос на Пет амбалажата во 2021-ва биле собрани 82 илјади тони а во 2020-тата 25,9 илјади тони.

фото  ЈКП Дервен

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »