Петар Печков
Објавено: четврток, 21 февруари 2019
Лани велешани повеќе читале книга, изнајмена во Локалната библиотека „Гоце Делчев“отколку година дена претходно. Ова го покажуваат бројките на градската библиотека. Или во 2018-та имало 202 читатели повеќе отколку пред 12 месеци. Во апсолутни бројки е 4.339 читатели, споредено со 2017 година, кога имало вкупно 4.137 читатели. Што се однесува што велешани читале, зависи од возраста.
Најчитани се бестселерите, трилерите и љубовните романи кај возрасната популација,додека кај децата тоа се секако лектирите - вели директорот Игор Крајчев.
Лани од редовните читатели 2.413 биле возрасни и 1.926 деца. Ланската година биле набавени2.553 книги од нив 2.266 книги во одделот за возрасни - светски бестселери и трилери, преведени на македонски јазик и 287 книги во одделот за деца и тоа најголем дел лектири. Велешката библиотека има фонд од 100 илјади книги. Велешката библиотека ја продолжува традицијата на првата читалница во Македонија, сопственост на Ангелко Палашев.
Tweet |