Петар Печков
Објавено: вторник, 08 март 2022
Минатата година локалната власт подели 942 канти за смет. Обезбедени биле по 471 зелена и жолта канта за селектиран отпад, плус 63 жолти канти кои останеле од 2020-та година а биле поделени лани, што е вкупно 1005. Тоа е помалку од 1.605 канти а отпад кои беа поделени во 2020-тата година.
„Како резултат на заложбите за подигање на јавната свест и поголемо учество на граѓаните во заштитата на животната средина, Општина Велес направи распределба на стандардизирани канти по домаќинства. Граѓаните треба да го почитуваат времето на изнесување на отпадот, локациите за складирање и да се грижат за јавната чистота“ - објаснуваат од локалната власт.
Набавени се од средства на општинскиот Буџет а граѓаните ги добиваат бесплатно. Кантите за смет се стандардизирани од 120 литри и се поделени на 26 улици во градот и некои од велешките села.
Најмногу добиле улиците Саревска и Максим Горки, како и жителите на Башино село, Раштани и Бузалково. Оваа акција, на распределба на канти за смет започна во 2014-тата година.
Tweet |