речник контакт

Лани поделени 1605 канти за смет во велешко

Кантите за смет се стандардизирани од 120 литри и се поделени на 48 улици во градот и некои од велешките села

Петар Печков

Минатата година локалната власт подели  1605 канти за смет во Велес.  Обезбедени биле  680 зелени и 980 жолти канти за селектиран  отпад, плус неподелени од 2019-а седум или вкупно  1.667   при што останале неподелени 63 и тоа  жолти. 

Кантите за смет  се  стандардизирани од 120 литри и се  поделени на 48 улици во градот и некои од  велешките села. Набавени се од средства на општинскиот Буџет а граѓаните ги добиваат бесплатно.  

„Како резултат на заложбите за подигање на јавната свест и поголемо учество на граѓаните во заштитата на животната средина, Општина Велес направи распределба на стандардизирани канти  по домаќинства. Граѓаните треба да го почитуваат времето на изнесување на отпадот, локациите за складирање и да се грижат за јавната чистота“ - објаснуваат од локалната власт.

Најмногу,  повеќе од 80 зелени и исто толку жолти канти за смет,  добиле жителите на улиците Киро Ќучук, Љубљанска, Тодор Јанев,  жителите на улица Вера Циривири добиле плус 120 жолти канти за смет.

Дел од нив се распределени  во населба Превалец, сателитската населба кај езеро Младост, селата Клуковец и Новачани. Оваа акција, на распределба на канти за смет започна во 2014-тата година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »