речник контакт

Лани рекорден број на туристи го посетиле Велес, ама опаѓа бројот на денови на нивен престој во градот

Минатата година во хотелите во градот постојувал 10.981 турист кои оствариле 17.552 ноќевања што е трета бројка во однос на претходните

Петар Печков

Ланската 2022 во однос на катастрофалната 2020 и лошата 2021 година, поради ковид пандемијата, забележан е  пораст на бројот на туристите кои престојувале во Велес, во хотелските капацитети.

Според бројките на Заводот за статистика на Република Северна Македонија 2022 е рекордна според бројот на туристи  10.981 кои престојувале во Велес, објави порталот Тирековмирече. Повеќе од најголемиот број од 10.890 кој е регистриран во 2017, па следи 2019 со 10.491. Но анализата покажува дека гостите остануваат во просек помалку од претходните години. И натаму најголемата бројка на ноќевања е во 2019-та  со 20.150  па 2017 со 18.864 ноќевања.   Или Велес нема туристичка понуда која ќе ги задржи гостите повеќе од еден два дена, на пропатување.  

Во 12 месеци од минатата година во хотелските објекти во градот престојувале  10.981 турист, наспроти   6.783 туристи  во 2021 година. Лани биле  остварени 17.552 ноќевања, наспроти  10.242 ноќевања во 2021 година.  Во просек гостите престојувале 1,6 дена, странците 1,7 додека домашните туристи 1,4. Колку за илустрација во 2020-та во Велес имало 2.973 туристи кои оствариле 4.114 ноќевања или 1,4 дена.  

Најмногу гости имало во Велес во 2022 година во текот на летните месеци, што зборува дека најголемиот број од нив се транзитни туристи, кои на минување од или на враќање од одмор во Грција престојуваат во хотелите во градот.

Минатата година во хотелите  од градот престојувале 3.621 домашен турист со 5152 ноќевања  и 7.360  странски со 12.400 ноќевања.
Најбројни и натаму се туристите од Србија 2.381  со 2.671  ноќевања или нешто повеќе од еден ден ноќевања, што зборува дека тоа се транзитни туристи. По нив се гостите од Унгарија 929 со 931 ноќевање,  трети се Романците 587 гости е со 931 ноќевања, сите од нив се транзитни гости. Потоа следат Бугарите со 399 гости и 697 ноќевања,  па Германците со 371 гости и 945 ноќевања.

Според бројот на престој по денови, најмногу по 4,4 дена  престојувале државјаните на САД 114  лица имале 507 ноќевање.    По нив следат туристите од Турција со 4,1 ден, 394 лица со 1632 ноќевања, Португалија 4 дена - 40 туристи со 158 ноќевања престој. На туристите кои имале повеќе од еден ден престој се и гостите од Германија со 2,5 дена, Италија 2,3 дена - 134-лица со 308 дена,  Полска 2,3 дена-  168 лица со 381 ноќевање.  Во подем е бројот на лица од Словенија кои престојувале во Велес - 278 туристи со 358 ноќевања.

Освен ловџиите од Италија во Велес гости има и ловџии од Грција, лани 318 лица со 610 ноќевања, како и од Шпанија, но лани нивниот број е осетно намален во однос на претходните години.   

Минатата година  во Општина Чашка, во двата планинарски дома Папрадиште и Чеплес престојувале 579  гости за период од седум месеци - март - октомври,. што е помалку отколку во 2021 година кога имало  692 гости. Лани остварени се 1087 ноќевања. Или туристите во двата планинарски дома во просек престојувале 1,87 дена.  Домашни  туристи се  479  а странци 87. Тие оствариле 862 ноќевања - домашните гости и 225 странските.

При презентирањето на анализата да се објави дека таа е изработена од порталот Тирековмирече
Во текстот се користени бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македонија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »