речник контакт

Лани се намали бројот на починати лица во Велес и велешко

Во 2022 година во Велeс имало пет самоубиства

Петар Печков

Намален е бројот на  починати лица во велешко во 2022 година, во однос на рекордната 2021. Според добиените податоци од ЈКП Дерен во текот на 2022 година издадени се вкупно 618 дозволи за погреб, од кои 540 на гробиштата кај црквите Св. Спас, Св. Пантелејмон и новите градски гробишта кај селото Раштани. Останатите 78 се по селата или на муслиманските гробишта.

Само за потсетување дека во 2021 година според бројките на издадени дозволи за погреб од страна  на ЈКП Дервен, за градот Велес лани имало 677 починати за 365 дена.  Тоа беше  највисока бројки на починати во Велес и велешко, после војната 1945, откако се води евиденција.  

За споредба  во 2020-та година имало  584 починати.

„Во овие бројки се опфатени сите погреби кои се случиле изминатите 365 дена.  Тука  се погребани сограѓани кои починале и во други градови, старечки домови, болници, лица кои починале надвор од државата, но се донесени да се почиваат во родниот крај“ - велат од ЈКП Дервен, кој ги издава овие одобренија.  

Има случаи на велешани починати во странство кои по нивна желба се кремирани, но за нив нема потреба од дозвола за погреб, и тие не се влезени во бројот на починати и погребани во Велес.

За илустрација во 2018-та година за Општина Велес биле издадени  528 одобренија за погреб, од нив 473 биле во градот Велес  а во 2014-тата односот бил 494 во Велес  а 648 заедно со селата.

Минатата година во Велес имало пет самоубиства, тројца биле мажи и две се жени, соопштија од СВР Велес.  Оваа бројка е приближно иста со години наназад.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »