речник контакт

Лани се намали бројот на сообраќајни несреќи во велешко

Досега за подигнување на сообраќајната култура реализирани се неколку превентивни активности како што се „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“,„Не користи мобилен додека возиш“

Петар Печков

Се намали бројот на регистрирани сообраќајни незгоди во 2022 година во велешко. На подрачјето на велешко, заедно со Чашка и Градско,  биле   регистрирани 311 сообраќајни незгоди, додека во 2021 година вкупно 338 што значи дека минатата година има намалување.

„Бројот на жртви од сообраќајни несреќи за 2022 година изнесува  четири, додека во 2021 имало шест. Намалување се бележи и кај статистичкиот податок во однос на сообраќајните несреќи кои завршиле со тешки телесни повреди и тој број во 2022 изнесува 14, додека во 2021 бил 21. Сличен е трендот и кај сообраќајните незгоди со телесни повреди, кои во 2022 година биле 141, а во 2021 година 156“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лани и екипите на Итната помош   имаат намален број на  интервенции  при сообраќајни несреќи 101 повредено лице,  наспроти 152 во 2021, или  во 2020-та биле   136  а во 2019 година биле  забележани  122 интервенции на терен.

СВР Велес во текот на мината година реализираше бројни сообраќајни контроли, со кои се казнуваа учесниците во сообраќајот, за брзо возење, неправилно престигнување, непочитување на предимство, не минување на обележан пешачки премин, возење во алкохолизирана состојба, користење на мобилен во возење.

Досега за подигнување на сообраќајната култура реализирани се неколку превентивни активности   како што се „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“,„Не користи мобилен додека возиш“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »