речник контакт

Лани се намалил бројот на разводи на брачните партнери во велешко

Наспроти ова се зголемува бројот на бракови во велешко

Петар Печков

Во текот на ланската 2023 година забележан е пад, во однос на 2022 година, за бројот на разводи случени на територијата на Основен суд Велес.

„Во 2022 година заведени се  вкупно 169 тужби за развод на брак од кои 31  со предлог за спогодбен развод на брак и 138 тужби за развод на брак. Во 2023 година заведени се вкупно 149 тужби за развод на брак од кои 27 со предлог за спогодбен развод на брак и 122 тужби за развод на брак“ - информираше судијката Дара Арсова, портпарол на Основен суд Велес.

Законот за семејството уредува два начина на поведување постапка за развод на бракот. Кога двајцата брачни другари се согласни да се разведат и кога нема заемна согласност за развод, се поднесува тужба од страна на едниот брачен другар.

За илустрација лани има зголемен број на бракови во Велешко. Според добиените податоци од  Управата за водење на матична евиденција Велес и трите одделенија во Градско, Чашка и Богомила, во 2023 има склопено 416 брака, што е зголемување од 33 во однос на 2022 година кога имало 383 венчани пара.

фото интернет

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »