Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 февруари 2021
Треба да се подига јавната свест за организирано собирање на искористениот тонер, бидејќи фрлен како отпад тој тешко се разградува. Ова го вели сопственик на фирма која продава тонери, средство кое се користи при печатење на документи и цртежи на хартија. Ова по информацијата дека во Велес лани биле собрани 230 тонери.
„Тоа е количество кое една институција, која го користи тонерот за административни работи, ги троши за два -три месеци. Така што собраното количество е мало. Треба да се подига јавната свест за да се собира искористениот тонер. Затоа мислам дека законодавецот треба да пропише одредба со која, тој што ја снабдува институцијата со количество кое го дистрибуира, истото тоа корисникот треба да биде обврзан да го врати искористен на дистрибутерот, кој пак ќе го предаде на овластен собирач на опасен отпад. Или можеби да се собира отпадниот тонер од фирмите, како што се собираат картонската амбалажа од трговијата“ - вели сопственикот на фирма која продава тонери.
За илустрација лани во Велс биле собрани 230 тонери, што е најмногу од изминатите четири години а претходно се движела од 197 до 217 парчиња. Лани е собран за прв пат и опасен отпад, отпадни акумулатори 270 парчиња, сите од велешка Маслодајна.
Tweet |