Петар Печков
Објавено: вторник, 03 мај 2016
Безбедносната состојба на територијата на Полициската станица Велес, мината година била ,,стабилна, а сигурноста на граѓаните на високо ниво,,. Овака ја оценува состојбата СВР Велес во година во која како дневни настани биле регистрирани 5156, на териториајта на општиан Велес.
Во однос на криминалитетот, од тешките дела лани во велешко се случиле едно убиство, две силувања, пет разбојништва, два грабнувања и 40 кражби на пари и накит од станови. Нерасветлени се убиството, три разбојништва и дел од тешки кражби. Лани во Велес имало регистрирани 16 случаи на семејно насилство што е намалување споредбено со претходната година кога имало 21 случај.
За нарушувањето на јавниот ред и мир во општитна , тие најчесто биле резултат на семејни расправии, нарушени меѓусоседски односи а помал број во угостителски објекти или по улица. Така лани во општината имало регистрирано 198 нарушувања на јавен ред и мир, што е далеку помалку отколку во 2014-тата кога имало 246.
Најчесто според полициската статистика нарушувањата биле физички напади -125, а во 35 случаи карање, викање и непристојно однесување. Од физичките напади пред угостителските објекти имало 18 тепачки. Иако граѓаните се жалеле на гласна музика, проверката на полицијата не покажала дека има регистрирано пуштање повеќе од дозволеното.
Во 2015-та полицајците во 52 случаи констатирале прекршоци на Законот за јавна чистота, плукање, пушење по улица, што е далеку помалку отколку година пред тоа кога имало 172. Никој од овие 52 лица не сакал да прифати општо корисна работа, па сите се предадени на Комисија за прекршоци. Минатата година 44 лица при контрола, не носеле документ за лична идентификација, задолжителна лична карта.
Бројките и податоците се од информацијата за работата на ПС Велес, која беше доставена пред членовите на Советот на Општина Велес.
Tweet |