речник контакт

Ланската година беше здравствено епидемиска и критична

Корона вирусот ги покри сите други заразни заболувања - кажа д-р Трајкова. Лани по многу години во градот е регистриран случај на сифилис

Петар Печков

Лани беше епидемиска година со вонредни епидемиолошки услови, ова е оценката која прим. епидемиолог  д-р Билјана Трајкова  им ја кажа на велешките советници а разгледувајќи ја здравствената состојба во општината во 2020-тата година. Епидемиолошката состојба се однесува на општина Велес и соседните општини Чашка и Градско, територија која ги покрива Центарот за Јавно здравја Велес.

„Лани имавме осетно зголемен обем на работа, со голем број на заболени. Состојбата беше епидемиска и критична,  дијаметрално спротивна со таа од  2019-та. Причината беше ковид-19 вирусот, од кој заболеа  2.774 лица и 94  починаа, што е 3,4% од вкупниот број регистрирани случаи. Беа земени 5. 433  брисеви за  испитување на присуство на ковид-19.  Најголемиот број на заболените е од возрасна група на 40 години  повеќе, додека кај смртните случаи  најголем број е  над 60 години. Цревните заразни заболувања - ентероколитис, салмонела и капковите- варичела, скарлатина, лани  учествуваа со мал процент.  Или корона вирусот ги покри сите други заразни заболувања“ - кажа д-р Трајкова.  

Лани биле регистрирани се шест  случаи на шуга. После многу години, како ретко заразно зболување во Велес е регистриран е еден случај на  заболено  лице со сифилис, лице кое патувал во далечни и егзотични земји. Имало и еден случај на вирулентен менингитис.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »