речник контакт

Ланските пожари кај езеро и Ораовец предизвикаа штета од три милиони денари, кај физички лица

Уништени се лозја, бадеми и пчелни сандаци

Петар Печков

Причинетата штета од двата пожари, кои лани кон крајот на август и средината на септември го зафатија велешко е проценета на  три милиони  денари.

Ова е процената со која надлежната комисија излезе пред Советот на Општината.  Пожарот во околината на езеро Младост предизвикал штета кај четири физички лица  проценета на  2,875.930 денари, додека тој кај село Ораовец 141.100 денари.

Во пожарот кој ја зафати околината на езеро Младост на 28 август,   уништил 7,8  тони грозје кај три лица, 400 кг бадеми и кај едно лице 106 сандаци со пчели и 15 со нуклеуси. Пожарот пак кај село Ораовец на 17-ти септември предизвикал штети кај две лица, при што  изгореле 38 сандаци со пчели и 1,5 тони грозје.

Ова е проценката која беше доставена до Советот на Општина Велес, потврдена и истата е препратена до Владата, која ќе одлучи дали делумно или целосно ќе ги обесштети.

Комисија на ЈП Македонски шуми  утврдила  дека е опожарена дрвна маса во неколку оддели во ШСЕ Езеро Младост со  вкупна количина од 4.538м3, но не ја соопшти   јавно вредност за истата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »