речник контакт

Ларвицидно третирање против комарци во велешко

Третманот се врши со препаратот „Биопрен“ кој е безбеден за граѓаните ниту штетен за пчелите и за домашните миленици

Петар Печков

Викендов  11-ти  и 12-ти  април се  спроведува  ларвицидно третирање против комарци.Реализацијата на активностите започна денес сабота во раните утрински часови. Третирањето го извршува ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Велес на површина од седум хектари.

Акцијата ќе се спроведува на локации на езеро „Младост”, а динамиката на реализација, во наредните десет денови, ќе се одвива според временските услови.  Третманот се врши со препаратот „Биопрен“ кој е безбеден за граѓаните и се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство.

Теренското третирање против ларви од комарци, се извршува со средство во вид  на гранули кои се фрлаат во плитка застоена вода. Ова третирање не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици. Ова е општа мерка за заштита на населението од заразни болести к предвидена со Програмата за на здравствената заштита- изјавија од локалната власт. 

Локации кои ќе бидат третирани во следните денови се - село Отовица, месност Јарбош, по течението на реката Вардар од Градскиот парк до делот на УЗ „Димче Мирчев”, па сè до реонот на „Долни Дуќани”.

Општина Велес најавува  дека кон крајот на месец април или почетокот на месец мај оваа година ќе следуваат авионски прскања, за кои три дена пред реализирањето, граѓаните  ќе бидат информирани. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »