Петар Печков
Објавено: четврток, 06 јуни 2013
Во средата вечер во кафе барот Капри се одржа хуманитарна вечер во организација на Лајонс клубот од Велес.
Ова е мост на соработка помеѓу Здружението Борка и Лајонс клуб Велес. Собраните средства се за конкретна цел, помош на маја Керова на која и требат за лекување во САД. Секој наш член донира средства колку што може и сака, нашата цел не е подмитување туку помагање и хуманоста – рече Кирил Гајдов претседател на Лајонс клубот Велес.
Кутијата каде се собираат средствата останува и натаму во ,,Капри,, и секој тамошен гост може да донира во наредниот период. Велешани изминатиот период се организираа за да и помогнат на Керова, прво децата од Градинките, потоа ЕГ Зелена сила, па Здружението на лица со церебрална парализа и сите тие заедно со ,,Борка,,. Може и преку донирање на специјалните телефонски броеви 077 143 702, 075 143 133 и 070 143 132.
Tweet |