Петар Печков
Објавено: петок, 01 јуни 2018
Од денес жителите на Велес не можат да набават леб производство од Жито Вардар. Времено е запрено производството а дали и кога ќе започне зависи од новиот сопственик, кога ќе уплати пари.
Продавачите денес, редовните купувачи на велешкиот леб со децениска традиција, ги информираа дека има застој и за некој ден ќе продолжи производството. ТрМр побара одговор од лице кое е запознаен со случајот и тој го даде следниот одговор.
На 31 мај 2018-та истече договорот на дотогашниот изнајмувач на опремата со која произведуваше леб. Таа се продаде на јавен повик бидејќи АД Жито Васрдар е во стечај а новиот сопственик, скопска трговска фирма, треба да ги уплати парите. Кога ќе ги уплати, ќе може да ја користи опремата и да произведува леб - изјави соговрникот кој бараше анонимност.
Непроизводството на леб од Жито Вардар не се почувстува во велешките продавници, очигледно друите производители го зголемиле нивното па леб имаше доволно.
Tweet |