Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 април 2022
И советниците реагираат за безбедносната состојба во стариот дел на Велес. На последната седница имаше повеќе реакции за кражбите кои станаа секојдневие за левата страна на градот.
„Има кражби од минорно значење, мали средства но чувството дека сте огребени е лошо. А тоа се повторува. Жителите од таа страна на градот се небезбедни. Од Стоковна натаму, како да сме во зона на самрак. Ние сме како во село без кучиња. Има коли без таблички, возат секојдневно со сомнителен товар“ - кажа Ќирил Гајдов.
И од велешката полиција ја потврдуваат ваквата состојба. Велат дека засилено работат на откривање на строителите.
„Имаме сериозен проблем во стариот дел на градот, спротива. Од летото наваму имаме драстично зголемен број на тешки кражби. Тие се со мала вредност, но начинот како е извршена ја квалификува така. Сторителите се фатени и ќе се водат постапки. Најголемиот дел од делата се расветлени. Украдените предмети се продадени во отпади надвор од градот. Сопственикот нема да има надомест на штета, оти сторителите се социјални случаи. Таму на терен имаме најголем дел од полицајците во градот. Но очигледно е недоволно. Дел од нив се во цивил, и затоа не се забележливи за јавноста. Имавме голем број на сквернавење на гробни места во Рамина“- изјави Александар Костов командир на ПС Велес.
Tweet |