речник контакт

Левица - истече рокот за реализација на покриениот пазар во Велес

После истекот на предвидениот рок покриениот пазар е далеку од готов

Петар Печков

Политичката партија Левица- локален огранок Велес, со писмено соопштение реагира оти рокот кој беше даден од четири месецо за изградба на покриениот пазара во Велес, помина а таму уште се работи.

„На 3 април оваа година официјално започна изградбата на покриениот градски пазар. На овој настан присуствуваа голем дел од Владата на Република Македонија, како и од локалната самоуправа.

Според договорот и ветувањата од страна на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски овој проект имаше рок за изградба од четири  месеци.
Со цел овој проект квалитетно и навремено да се изгради, критериумите за учество на тендерот беа така поставени за да не можат да конкурираат средните и малите градежни компании. И покрај тоа после истекот на предвидениот рок покриениот пазар е далеку од готов.

Пазарџиите што ги користат тезгите на долниот пазар, апелираат да се забрза работата со цел да им се овозможат нормални услови за работа.

Како и досега СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија останаа доследни на неисполнетите ветувања на штета на граѓаните’- констатираат од Левица - Локален огранок Велес.

 фото Левица - ЛО Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »