речник контакт

Левица - поддршка за секој позитивен проект за Општина Велес

ДУИ оди со СДСМ, па Левица ќе одлучува за апсолутно мнозинство во Советот

Петар Печков

Откако на денешната конститутивна седница на Советот на Општина Велес, членот од ДУИ, Невзат Муаремовски, кој е просветен работник во основното училиште„Лирија“  во Бузалково,  гласаше заедно со членовите на коалицијата на СДСМ за ставање на точката на дневен ред, за избор на претседател на Советот, која немаше доволен број гласови и не помина, јасно беше дека ВМРО-ДПМНЕ за апсолутно мнозинство гласови во Советот, ќе бара коалиција со Левица.

За потсетување коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 11 советника и за апсолутно мнозинство им треба еден советник, СДСМ и коалицијата имаат осум, Левица има тројца и ДУИ еден.

Во изјава за ТРМР  Абрашев од политичката партија Левица,  на прашањето каква ќе биде нивната позиционираност во Советот кажа:

„Нашата позиција е поддршка за секој позитивен проект за Општина Велес. Нема да ја кочиме работата на советот, нема да бидеме заложници четири години, да не тапка во место или оди наназад.  Секој позитивен предлог од било која партија, ние ќе го поддржиме“- рече Абрашев.

На дополнителното прашање, каков е нивниот став за изборот на претседател на Советот, рече дека тоа ќе се види утре, петок, кога ќе се избирал претседателот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »