Петар Печков
Објавено: среда, 07 декември 2016
Политичката партија ,,Левица,, се претстави пред велешани, пред фабриката за шински возила ,,Колска,, и како што тие го нарекоа Велес, најработничкиот град во Македонија. Најавија дека се залагаат за правата на работниците и подигнување на минималната плата, социјална правда, јакнење на синдикализмот.
Пред се, за ,,Левица,, време е во Македонија да нема рамни даноци, туку прогресивни и да нема високи казни. Според нив 70 отсто од вработените добиваат плата до 15 илјади денари додека останатите 30 отсто со многу повисоки примања одделуваат исто како и две третини од вработените.
За сите 25 години самостојна држава, во работникот најмалце се вложуваше. Се наоѓаме пред апсурдот, фабрика која годинава слави 100 години постоење, јубилејот а сопственикот државата им го честиташе на начин што четири месеци не им дава плата, на напатените работници. Претходно е што Груевски лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на митинг деновиве најави чешка инвестиција за фабрика за шинска возила, со што се понижени овие стотина работници. Тие не заслужуваат ваква иднина – рече Игор Смилев, кандидат за пратеник на место број 2, во ИЕ 3.
Често во кампањата за неделните избори го слушаме зборот реално. Ние претставуваме друга реалност, која е факт а никој на ја споменува. Вработените од Колска тврдат дека осум години никој не им побарал да извршат никаква поправка на патнички и товарни вагони. Кој се грижи за безбедноста на овие коли, кои сообраќаат по македонските пруги. Така фабриката е подложена на систематско уништување, за да се донесе странска инвестиција, која ќе го работи истото. Така излегува во јавноста тоа дека профитот е најважен на странски инвеститор, а не да се сочува тоа што го имаме а е наше македонско. Зар немаме стручњаци кои можат да ја водат ова фабрика, која опстојала сто години а сега се брише- потенцира Марија Јонес носител на листата на ,,Левица,, во ИЕ3.
На оваа листа, како кандидат под реден број 12 е велешанецот Тони Јованов.
Tweet |