речник контакт

Легален софтвер кај нас

Што се случува со кампањата „Внимавај да е легално“? Видување на мојот ценет колега Горјан од Елфаско.

Зоран Николов

Легален софтвер кај нас Треба ли да ја споменувам рекламната кампања што не замајува последниве неколку месеци за да ви го претставам муабетот што ќе следи подолу. Наголемо се пропагира дека треба да се внимава да биде легално; се мисли на софтверот што го поседуваш, но да беше приказнава само толку ќе го немаше ни текстов. Види сега... Чичковците од Микрософт со благослов на државните фактори вршат пропаганда сите кои сакаат да го користат нивниот софтвер без разлика на која верзија (макар и DOS) дека за тоа треба и да платат, што е сосема нормално за било кој софтвер каде било на планетава. Сега следи она големото НО. На америте им е лесно да платат Х$ за парче софтвер кој ги задоволува нивните основни човечки права, овај потреби. Ако ги проектираме истиве потреби/барања врз македонскиов пазар се добива чудна ситуација. Македонските компјутерџии, корисници на Microsoft производите сега треба да платат за софтвер кој не ги задоволува потребите на Македонците за да правилно пишуваат на македонски со истиве програми. Проблемот доаѓа од таму што умните глави кои требаше да ги бранат нашите интереси при светското кроење на кодните страни успеаја да во македонската тастатура недостасуваат уште цели четири карактери! Тоа се карактери дефинирани со светскиот стандард кој се занимава со оваа проблематика познат како Unicode; за детали види [url=www.unicode.org/charts/PDF/U0400.pdf]http://www.unicode.org/charts/PDF/U0400.pdf[/url]. Недостасуваат големите и малите знаци за е и и со надреден знак, односно I`, &, E`, $ нумерирани во unicode со хексадецималните 040D, 045D, 0400, i 0450 соодветно. За да да биде работава уште поголема овие карактери воопшто не се ни вклучени во кириличната табела на Микрософт попозната како MS Windows Cyrillic CP1251, ниту пак има место за нивно додавање. Нели ти изгледа некако познато? Единствени фонтови кои ги имаат овие карактери се Tahoma и Palatino Linotype, но карактерите се недопирливи бидејќи нема начин за нивна употреба. Последиците од ова промашување се огромни. Македонското веб издаваштво поради ова е незаобиколиво оштетено. Кој ќе ги проверува сите претходно официјално објавени текстови за да ги поправи грешкиве кога решението ќе се најде? Ниту едно правно лице во Македонија кое сериозно се занимава со текст во дигитална форма не може да се служи со програмите на Microsoft на оној начин на кој тие се предвидени да работат. Наместо тоа се прават „македонски фонтови“ ала MAC C Swiss со кои се комплицираат работите бидејќи излегуваат од стандардите за дигитално запишување, прикажување, архивирање и обработување на текст кои се дефинираат на светско ниво, а со тоа се рудиментира употребливоста на алатките кои се предвидени за текстуална манипулација. Ваквите фонтови не подлежат на ниту еден стандард, па од тука имаме варијации со мало/големо {, }, |; малите и големите букви за ч и Ч се на различни копчиња на тастатурата, а сиве овие карактери се третираат како математички или интерпункциски знаци, а не како букви. Кога целиот свет се стандардизира, прилагодува и усогласува ние си редиме сопки. Ако пак се обидете да побарате повеќе информации на македонската страна на Микрософт ќе сфатите дека тоа е само збир од линкови на македонски кон „големиот“ светски сајт на Microsoft, со многу малку информации за македонската локализација која всушност не ни постои. Кој ни е крив. Сега фирмите ќе купуваат софтвер кој не е ништо поарен од илегалниот, а целата техничка поддршка зад легалниот софтвер е сосема безначајна по ова прашање. Колку време ќе треба да помине за да се изнајде решение кое ќе функционира соодветно со светските? Кој ќе им ја надомести штетата на сите оние кои ќе платат за легален софтвер за да и понатаму ги прават истите акробации како и досега? Колкава е вината на самите фирми? Голема. Да вложуваа во легалниот софтвер и тоа како ќе можеа навремено да се побунат за неговиот квалитет и прилагоденост кон нивните потреби, девизата „користи си пират и не дигај прашина“ се покажува дека досега ни направи доволно бељи. Надевајќи се дека ќе најдам некоја информација повеќе отидов на сајтот на Македонската Академија на Науките, тотална катастрофа. Сајтот изгледа и функционира како да го правел основец за домашна по информатика. Дури и домашните по апликативен изгледаат подобро. Се добива впечаток како да таму никој не го засега оваа проблематика, што можеби не е далеку од вистината. За жал потомците на Св. Кирил и Методиј, големите словенски просветители, денес се дигитално неписмени. За повеќе информации околу unicode стандардот појди на [url=www.unicode.org/standard/translations/macedonian.html]http://www.unicode.org/standard/translations/macedonian.html[/url] Gorjan Elfasko

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »