речник контакт

Легализацијата на дивоградбите, на секоја седница на Советот со расправии и тензии

На последната седница се расправаше за легализација на дивоградби во опфатот на рени бунарите во Шорка

Петар Печков

Точките на дневен ред, на велешкиот Совет со кое се бара легализација на дивоградба, без исклучок меѓу членовите, предизвикуваат многу тензии, расправи, реплики.  На сите досега одржани седници, каде имаше ваква предлог одлука,  два спротивставени става на администрацијата од локалната власт  и опозицијата.  

„Ние како партија, од Левица секогаш ќе се спротивставуваме на тоа државното земјиште, со кревање на два прста да стана приватно. И затоа не треба да има реакции на тоа што го кажуваме. Тоа е наше легитимно право, не е грев.  Секоја легализација е свој посебен случај.  Треба да ја имаме визијата, да предвидиме што може да се случи како последица од секоја легализација поединечно. Имаме случаи на легализација на дивоградби во поширокиот опсег на рени бунарите кај Шорка. Ние со тоа не се согласуваме и нема да дозволиме и нашите дискусии се во таа насока, да им посочиме дека се прави штета“- кажа Игор Смилев од Левица.   
„Штом со Генерален урбанистички план не е предвидено, како тогаш  ќе се вклопи било кој објект во тој дел од градот. Во одредени ситуации, за овие постапки, каде нема ГУП и генерална намена на земјиштето, треба да се биде повнимателен. Таму каде  е надвор од опфат на ГУП, освен ако нема некое сообраќајно решение, може да се легализира. Се друго за мене е невозможна легализација“- вели Марјан Николов од СДСМ.

Од локалната власт се повикаа на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Правилникот за нормативи и стандарди кои ги регулираат бесправните објекти.

„Со овие законски решенија се овозможува на сите граѓани, кои имаат објекти надвор од постојната планска документација,  кога има не усогласување на  намената на земјиштето, со одлука на Совет, со пренамена  да се овозможи легализација. Донесувањето на одлука на Советот не значи дека по секоја цена, ќе се легализира објектот. Во натамошното испитување на материјалот и списите во предметот, може  тој  позитивно нема да  се реши.  Можно е да се утврди нешто друго.  Ингеренцијата на Советот е да ја донесе одлуката, за да се донесе пренаменета“ - рече Магдалена Спасева од одделението за првни работи при Општина Велес.

Барањата за легализација на дивоградби, кои сега се разгледуваат на Совет,  повеќето се поднесени  2011-та година а дел од 2016-та.

„Што да се работи со заостанатите предмети со години? Да се остават предметите за легализација да не се решаваат? Јас ветував во предизборната кампања, дека тоа ќе го решавам и работам. Дел од предметите кои сум ги потпишал досега се со негативно решение.  На вработените им кажав, се што е законски да се легализира, се што не` е, нема да биде прифатено. Отфрламе предмети. И во времето на Чадиев и во времето на Коцевски, Советите донеле одлука за легализација во оваа зона, кај рени бунарите во Шорка. Тие кои се во прва и втора зона, не доаѓаат до Совет, не се легализираат. Да не ги доведуваме граѓаните во заблуда. Некои од претходните градоначалници не ги решавале предметите за легализација,за да не се замерат со сограѓаните“ - рече градоначалникот Колев.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »