Петар Печков
Објавено: четврток, 19 декември 2013
На прашање од сопственичката на некогашен Жанет, на улица Благој Ѓорев, зошто и по толку време тој објект не е легализиран, и до кога ќе се случи тоа, одговор даде градоначалникот на Велес. Тој потсети дека станува збор за коемрцијален објект, не за домување.
Таму се води постапка за имотно правни односи, има процес со соседите за влезот. Не е така едноставно да се заврши. Проблемот е наследен, стар неколку години. Кога ќе заврши процесот, објектот ќе се легализира- изјави Чадиев.
На ова реплицираше премиерот Груевски кој побра датум, конкретен рок до кога ќе заврши постапката. Градоначалникот тогаш одговори дека за 15 дена ќе заврши легализацијата на објектот, на што во салата се слушна силен аплауз. По ова Чадиев додаде дека објектот ќе се легализира но ќе се срушат скалите, оти тие се започнати да се градат после законскиот рок со кој се легализираат дивоградбите.
По ова следеше прашање ода премиерот, од каде тогаш ќе влегуваат гостите, а градоначалникот одговори дека објектот има влез од задна страна
Tweet |