Петар Печков
Објавено: четврток, 24 декември 2015
Во Општина Велес изминатите четири и пол години легализирани се 3,5 илјади дивоградби, што е скоро половина од доставените документи 7.864. Овој процес на легализација на диво изградените објекти започна во март 2011-тат година. Извесно е дека граѓаните иако донесуваат барања, немаат документи за да се впишат нивните објекти во имотните листови.
Имаме проблем со доставување на елаборати од страна на барателите. Иако им имаме доставени писмено известување дека треба да достават документи, писмено се обраќаме, лично, телефонски, но елаборат не се носат. Ние како општина најбрзо ќе го завршиме процесот, но немаме доволно документација доставена од странките - изјави градоначалникот Чадиев.
Се оперира со бројка од 5-6 илјади дивоградби -куќи, во општината. Освен индивидуалните куќи и згради, законската регулатива овозможува да се легализираат сите видови надградби, доградби, базни станици и објекти од јавен интерес.. Не секој што ќе поднесе документација ќе може да очекува дека и објектот ќе му биде легализиран. Со оваа законска можност, не се опфатени времените објекти, како и куќите во Рамина и долниот тек ан Бабуна, кои се прогласени за заштитени зони.
Гарантирам дека нема ниту еден објект од Рамина и долниот тек на Бабуна легализирано. Донесените одлуки на Советот се почитуваат и додека јас сум градоначалник, нема да дозволам да се потпише легализација на објект од овие делови на општината - рече Чадиев.
Законот за бесправно изградени објекти утврден е нов рок за легализација до 31 март 2016 година. Новите измени се од 21 декември а примени се и првите барања во администрација во Општина Велес. Услов е да е изграден до 31 март 2011 година. Рок за достава на геодетски елаборати е до 31 декември 2016 година. Претходно рок за доставување на елаборатите беше предвиден до јуни 2014 година, па се продолжи до 31.12.2015 година.
Tweet |