речник контакт

Лекување во психијатриска болница за синот кој со повеќе убоди од нож ја уби мајка си

Убиството се случи во Росоман на крајот од март месец

Петар Печков

Основен суд Кавадарци по предлог на ОЈО Кавадарци изрече мерка на задолжително психијатриско лекување во здраствена установа за Игор Р.( 27 год) кој беше обвинет за убиство на мајка си Сијка Р. (54 год). За одлуката информираа од Основен суд Кавадарци.

Бидејќи обвинетиот според  наодите на вештите лица- психијатри, е непресметлив на неопределено време,  не го сваќа значењето на делото, сместен е  веднаш во Психијтриска болница Негорци-Гевгелија. 

Убиството се случи на 30 март годинава во Росоман, во семејната куќа на ул. Пере Тошев бр. 52.  Синот во утринските часови, додеката жената спиела во една од собите, тој со повеќе убоди од кујнски нож ја  прободел во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Момчето веднаш по настанот само се пријавило во полиција. Таткото на обвинетиот и сопруг на убиената,  во тој период бил на работа. 

Претходно на 14 август 2023 година таткото на Игор пријавил дека синот  во нивниот дом каде сите тројца живееле, ги нападнал него и сопругата, агресивно се однесувал, кршел предмети. По интервенција на полицијата момчето било пренесено во Кавадаречката болница  а следниот ден по барање на лекарите  бил упатен на лечење во Психијатриска болница Негорци.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »